Вести Македонија Најважни

Непримерно, политичко насилие, притисоци и уцени врз Уставниот суд?!

Да не му падне на памет никому да ја толкува денешната одлука како наша слабост, предупреди претседателот на Уставниот суд,откако мнозинството судии одлучија да се одложи одлуката за Законот за употреба на јазиците, со цел да се одржи подговителна седница за консултации со домашни и странски експерти. Костадиновски уверува дека, овој суд ќе  донесе конечна одлука за предметот, кој е најстар во судот и чека разрешница веќе пет години.

Очекува седницата да се одржи на почетокот на март, а судијата известител има рок до 23 овој месец да ги подготви спорните правни прашања за кои ќе биде побаран и пријателски совет од Венецијанската комисија. Потенцираше дека, внимателниот пристап кон овој предмет има цел да ги разубеди граѓаните, а не политичарите, кои ги обвини за притисоци, лаги и манипулации.

Костадиновски е разочаран и од писмото кое му го испратија 250 интелектуалци Албанци, за кои рече дека, наместо да шират и афирмираат знаење, подлегнуваат под политички влијанија.

Против подготвителна седница беше судијката Добрила Кацарска, која сметаше дека, ништо нема да се добие со тоа, затоа што уставните судии се најголемите уставни експерти во државата, а Венецијанската комисија веќе има дадено јасни препораки за законот во 97 точки.

На почетокот на седницата, судијата Фатмир Скендер од турската заедница побара да се одложи предметот, поради отсуството на судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.

Неговите колеги укажаа дека, заклучокот, да се одлучува со присуство на сите судии,  бил донесен пред две години, кога судот функционираше само со петмина судии и се однесувал на тоа да се почека да се комплетира судот, како и дека, одложувањето на предмети поради нечие отсуство би можело да се злоупотребува во иднина.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

Дејан Дејан

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе