Вести Македонија Топ вести

Адвокат со одземена лиценца е осомничен за пожарот во Адвокатската комора

Александар Ристески е лицето кое се бара со потерница за пожарот во Адвокатската комора на 25 ноември. Ристески е адвокат по професија, а неколку недели пред пожарот комората донела дисциплинска мерка за одземање на неговата лиценца на три години.

Пријавата за Ристески до комората стигнала од Центар за социјални работи во Свети Николе. Оттаму се жалеле дека адвокатот во врска со случај што го водел, нападнал службеници на центарот и упатил закани кон нив.

Од комората велат дека службениците биле викнати за сведоци и нивните изјави се документирани, по што дисциплинскиот суд на комората кој е независно тело донел одлука за одземање на адвокатската лиценца на Ристески.

Од комората за Телма информираат и дека иако имал право Ристески не поднел жалба за одлуката на дисциплинскиот суд на комората. Не е прв пат, како што наведуваат да биде одземена лиценца на одреден рок на некој адвокат.

Обвинителството вчера отвори истрага, а причинетата штета од пожарот се проценува на околу 150 илјади евра. На критичното утро, според обвинителството, осомничениот со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со “фантомка”, со секира ја скршил влезната врата. Наредил коцки керозин на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил.

Осомничениот триесетина минути после пожарот ја напуштил државата на граничниот премин Блаце. Тој се товари за тешки дела против општата сигурност.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лиценците во детската заштита ќе се издаваат на македонски јазик – ако некој побара, ќе добие и на албански

Дејан Дејан

Советот на јавни обвинители без препораки, задолженија или најави за разрешувања во собраниската комисијата за политички систем

Дејан Дејан

Одбраната на Палевски тврди, нема докази за поврзаноста на Реното кангу со грабнувањето на Вања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе