Вести Македонија Најважни

9-годишното дете кое синоќа падна од зграда и се здоби со тешки повреди денеска е во стабилна состојбата

Трагите од крв и искршената ограда останаа да сведочат за трагичниот настан кој се случи вчера во скопска Кисела Вода, откако 69 годишна жена и девет годишен малолетник паднале од зграда, по што жената починала на лице место, а малолетникот е тешко повреден.

Детето е на интезивно лекување на Клиниката за детска хиругија. Моменатлно е во стабилна состојба, но при падот претрпило тешки повреди, вели доктор Лазо Јовчевски директор на Клиника за детска хирургија.

На местото на трагедијата биле присутни голем број возила на брзата помош, противпожарни и полициски возила. Пријава стигнала и до МВР по што се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според очевидци на настанот, телото на жената завршило на оградата. Не е познато под кои околности 69 годишната жена паднала од балконот и дали детето било со неа во тој момент или паднало претходно.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

За случаите со Бојан Христовски и Дрин Ахмети, обвинителството чека меѓународна правна помош – за Артан Груби истражуваат

Дејан Дејан

Расте бројот на заразени со грип, но во рамки на очекуваното за овој период од годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе