И покрај тоа што е повторно со нејзиниот сопруг, Емили Тејлор станува сериозно депресивна со емотивни епизоди и обиди за самоубиство. По разговорот нејзиниот претходен лекар, нејзиниот психијатар, Џонатан Бенкс, ѝ препишува експериментален нов лек наречен Абликса, но несаканите ефекти на лекот водат до тоа Емили да го убие својот сопруг, додека е во состојба на „месечарење“. Емили се спогодува да биде затворена во ментална болница, кариерата на д-р Бенкс се распаѓа како и се околу него, а случајот изгледа решен. Сепак, д-р Бенкс не може да прифати целосна одговорност и почнува да истражува со цел да го расчисти своето име. Она што следи е мрачна потрага која се заканува дека ќе го распарчи она што останало од неговиот живот, дури и кога ќе ја открие ѓаволската вистина за оваа трагедија.
НУСПОЈАВИ – недела, 17 ноември 2024 – 24:05
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.