Вести Македонија Најважни

Мицкоски има разбирање за изјавата на идната еврокомесарка Кос и дека барањето за уставни измени било за поддршка од бугарски европратеници

Премиерот Мицкоски има разбирање, но и свое објаснување за изјавата на идната еврокомесарка за проширување Марта Кос која очекува  Македонија да го смени Уставот како што ветила, ни повеќе ни помалку. Смета дека ваквиот нејзин став бил со цел  да ја добие поддршката и од бугарските европратеници, но е уверен е дека во наредниот период  конечно патот на Македонија до полноправно членство, ќе биде широко отворен и ќе се вреднува според компетенции, а не билатерални прашања.

Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине ‘хирингот’ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. – вели Мицкоски

Мицкоски, оптимизмот, како шти вели го темели на сите средби кои ги имал изминатите 5 месеци како премиер. Меѓу нив и последната со францускиот претседател Макрон по која соопшти дека разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија.

-Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за меѓусебната соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството, кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, – истакна Мицкоски

Според соопштението од Елисејската палата  Макрон му порачал на Мицксоки дека  Франција ќе ги поддржува сите напори на Северна Македонија на патот кон ЕУ, во согласност со нејзините меѓународни обврски.

Претходно премиерот рече дека предлогот на  Мицкоски за уставни измени со одложено дејство ќе го достави до Собранието по формирањето на влада во соседна Бугарија

Претседателот на Собранието во интервју за МИА вели дека од политичката волја зависи дали до крајот на декември може да има уставни измени.  Собранието е подготвено во секое време ќога ќе има предлог за уставни промени да ја почне процедурата.

Отворањето на поглавја односно одржувањето на втората меѓунавладина конференција со ЕУ е условена од уставните измени .

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Волстрит журнал: Писмото за роденденот до Епстајн го носеше потписот на Трамп, цртеж на гола жена

Дејан Дејан

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

Дејан Дејан

За бразилскиот претседател царините на Трамп се „неприфатлива уцена“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе