Ако не сме на масата, ќе бидеме на менито. Ова е порака која Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија им ја пренел на лидерите на европските држави за време на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта барајќи од нив обединетост доколку не сакаат другите големи светски играчи да носат одлуки наместо нив.
„Јасно е дека Европа мора ја гради својата безбедност, а таа безбедност бара повеќе инвестиции во одбраната, но не само во одбраната, туку и во технологијата, за да се обезбеди нашата независност и суверенитет. Ако не сте на масата ќе бидете на менито. Ако не сте на масата на геополитичката игра, ќе бидете на менито“, порача Борел.
Во таа насока денеска продолжил и неформален состанок на Европскиот совет одржан во рамки на европскиот самит во Будимпешта на која 27 лидери на ЕУ и Европската комсиија разговарале конкурентноста на ЕУ на геополитичката сцена и како таа да ги зајакне своите позиции.
Европската унија мора да го затвори јазот во иновации кој го има во споредба со другите глобалне играчи, повеќе дигитални иновации во европската економија, поголема прекугранична соработка и трговија се дел од областите кои ги наброја претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајуен, а на кои Унијата мора да се подобри ако сака да биде конкурентна на светската сцена.
„Третиот и последен приорите кој сакам да го подвлечам јакнење на нашата стратешка безбедност. Ние знаеме дека преголемата зависност може брзо да прерасне во ранливости и затоа стабилен и оебзбедн синџир на снабдување е потребен за да се зајакне иднината на нашата економија. Ја снаете темата на критичните материјали. Занеме дека до 2030 до крајот на овој мандат побарувачката за некои минерали ќе порасне експоненицијално и затоа ни е потребна акција сега и координација на ниво на ЕУ“, рече Фон дер Лајен.
За ЕУ клучна е и соработката со САД, за која било разговарано и синоќа на самитот, но и на денешниот состанок на лидерите на ЕУ.
„Клучно е да градиме добри односи со новата администрација од самиот почеток и така ќе продолжиме да ја обликуваме позитивната трансатлантска агенда“, рече Фон дер Лајен.
Соработката со САД за ЕУ е клучна и по прашањето на поддршката на Украина, но пред се Европа мора биде обединета доколку сака да биде силна беше пораката на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на кој денешниот Европски совет му беше последен пред да му заврши мандатот.
„Обединетоста и довербата се клучните волшебни состојки кои ќе се справат со предизвиците“, изјави Мишел.
Тој испрати порака и за продолжување на поддршката за Украина, како поддршка на ЕУ за сопствената безбедност.
„Апсолутно сум убеден дека ако му дадеме сигнал на Кремлин дека сме слаби, и дека Украина е осамена, истовремено ќе им испратиме сигнал и на други режими во светот кои имаат намера да го нарушат меѓународното право, тоа ќе значи дека сите ние сме ранливи“, рече Мишел.
Домаќин на петтиот самит на Европската политичка заедница беше Унгарија, а следниот состанок ќе се одржи во Албанија во мај идната година.
Тамара Грнчароска