Лидерите на ЕУ се состануваат втор ден во Будимпешта на самитот на Европската политичка заедница за да разговараат за европската економија и нејзината конкурентност, додека Европските лидери продолжија да ја коментираат убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
На самитот на Европската политичка заедница ќе се обрати Марио Драги, поранешниот претседател на Европската централна банка, кој ќе го презентира неговиот неодамнешен извештај за конкурентноста која се должи на управување и креирање на економската политика во следните пет години.
Војната во Украина ќе биде една од главните теми на агендата на собирот на 27 те лидери на ЕУ, од кои мнозинството верува дека продолжувањето на снабдување на Украина со оружје и финансиска помош се клучни елементи за безбедноста на континентот.
Италијанската премиерка Мелони во петокот ја потенцираше можноста за мир во Украина по изборите во САД, напорите за испраќање мигранти кои пристигнуваат во Италија и се испраќаат во Албанија како и улогата што претприемачот Елон Маск ја игра во американската политика.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека има потреба да се дејствува за продлабочување на единствениот пазар, поддршка и зајакнување на индустрискиот и економскиот развој.
- „Ние разбираме дека треба да дејствуваме за да го продлабочиме единствениот пазар. Знаеме дека треба да ја поддржиме нашата индустриска база, вклучително и индустријата во транзиција. Ние разбираме дека Унијата на пазари на капитал и Европската инвестициска банка би можеле да бидат многу моќни алатки за да се осигураме дека ќе внесеме повеќе пари, повеќе финансиски средства за поддршка на нашата економија и зајакнување на нашиот економски развој“ изјавиШарл Мишел, претседател на Европскиот совет.
Првиот човек на Европската Унија потенцираше дека Европа мора да има поголема координативна динамика во светската политика.
- „Единствениот рецепт за Европа да преживее е да биде пообединета и да изгради посилна Европа, суверена Европа способна да се соочи со предизвиците на светот без да ја препушти безбедноста на кој било друг. Мораме да си обезбедиме сопствена безбедност, секако соработувајќи со НАТО, но градејќи повеќе капацитети“ рече Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп победеше на изборите во САД во 2020 година, немаше да има војна во Украина.
- „Сите знаат дека доколку Доналд Трамп победеше во 2020 година во САД, немаше да се случат овие две кошмарни години, немаше да има војна. Америка ќе имаше толку силен лидер кој ќе ги склучеше потребните договори во догледно време. Тоа не се случи” изјави Виктор Орбан, унгарски премиер.
Околу 50 европски лидери се сретнаа за да ги разгледаат и зајакнат своите трансатлантски односи на Самитот во Будимпешта, со надеж дека второто претседателство на Доналд Трамп со САД ќе ги избегне кавгите и политичките стапици од неговото претходно претседавање.
27-те земји од блокот на Европската унија се состануваат денеска на посебен Самит откако другите лидери од Обединетото Кралство, Турција и земјите Балканот си заминаа вчеравечер.
Tea Димковска
