Вести Најважни Свет

Не е време да кренеме раце, туку да засукаме ракави – Харис се обрати по изборниот пораз

Од нашиот специјален известувач од Вашингтон

Игор Трајков

„Ова не е време да ги кренеме рацете, туку да ги засукаме ракавите“, порача потпретседателката Камала Харис во нејзиниот говор на Хауард универзитетот овде во Вашингтон по поразот од Доналд Трамп на претседателските избори.

Останувајќи верна на партиската реторика, но не споменувајќи ги директно обвинувањата на кои ја заснова целата нејзина предизборна кампања, Харис призна дека не го добиле резултатот кој го посакувале, но тоа не значи дека се откажуваат од борбата која ја водеше кампањата.

„Никогаш нема да се откажам од борбата за иднина во која Американците ќе можат да ги следат своите соништа, амбиции и аспоирации. Каде американските жени ќе ја имаат слободата сами да одлучуваат за своите тела, а не владата да им кажува што да прават со нив“, изјави сè уште актуелната потпретседателка на САД, Камала Харис.

Дејствувајќи брзо да ги смири страстите по стравувањата дека политичката поларизација во американското општество може да прерасне во насилство по заканите кои се појавија од поекстремните струи и во двете партии, да не се прифатат резултатите од изборите, Харис порача дека мирната транзиција на власта е основен принцип на американската демократија.

„Секој што ја бара довербата од јавноста мора да го почитува тој принцип. Во исто време, во нашата нација не им должиме лојалност на претседател или партија, туку на Уставот на САД, нашата совест и нашиот Бог“, додаде Харис.

Во меѓувреме пребројувањето на гласовите продолжува. Иако претседателската трка е решена, а во Сенатот остануваат само дилемите колкаво ќе биде мнозинството на републиканците, во Претставничкиот дом се води мртва трка. Влогот е голем и за двете страни, или републиканците ќе ја преземат целокупната извршна и законодавна власт, или демократите ќе го зачуваат својот изборен образ и ќе дејствуваат како коректор на Трамп и републиканците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе