Филмови

КРОЈАЧКАТА – сабота, 02 ноември 2024 – 24:00

Кројачката е приказна за фаталната жена Тили Даниџ, која се враќа во нејзиниот мал роден град во земјата за да ги исправи грешките од минатото.

Стилизирана драма со комични нијанси за љубовта, одмаздата и високата мода.

Девојка која го напуштилаа родното место пред многу години, се враќа како возрасна жена која направила своја кариера во светот на модата за да се обиде во овој мал австралиски град да ја открие вистината зад нејзината озлогласена репутација. Како што почнува да го разоткрива своето скандалозно минато, таа ги трансформира жените во градот со своите извонредни креации. Вооружена само со нејзината машина за шиење и стилот на високата мода, Тили покажува дека е сила на која треба да се смета и дека одмаздата никогаш не излегува од мода.

Во оваа чудна комедија во улогата на Миртл (Тили) Даниџ ја глуми добитничката на Оскар Кејт Винслет, која се грижи за својата ексцентрична мајка (Џуди Дејвис), се справува се локалниот наредник (Хуго Вивинг) кој има свои тајни, а се заљубува во локалниот фармер Теди (Лиам Хемсворт).

Заснован на најпродаваниот роман на Розали Хем,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПАДОТ НА МЕСЕЧИНАТА -недела, 05 јули 2026 – 24:00

Дејан Дејан

КРИСТИНА – недела, 05 јули 2026 – 22:15

Дејан Дејан

ЛУСИ – ГАНГСТЕРКАТА – недела, 05 јули 2026 – 10:45

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе