Вести Македонија Најважни

Ќе те однесам, ќе ти кажам, но се плашам да не ме каже некој од колегите, Палчо ќе ме убие – Кешишев ја однел полицијата на местото каде бил запален автомобилот

Со испитување на сведоци на предлог на Обвинителството, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На денешното рочиште сведочеше Музафер Каришиќ, кој на 27 ноември кога беше грабната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, бил помошник-началник на СВР Скопје за криминалистички работи и насилен криминал. Претходно овој сведок одговараше на прашања на обвинителката, за чудното однесување на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој не престанал да тврди дека Вања е киднапирана и убиена и дека џабе ја бара полицијата.

Тој во своето сведоштво денеска рече дека Влатко Кешишев ја однел полицијата најпрвин на местото каде бил запален Цитроенот, а потоа и на местото каде била закопана Вања. Кешишев не им кажал најпрвин зошто ги носи таму. Кога стигнале на местото, тогаш на помошник началникот Кариши не сакал да му каже за што станува збор, но потоа со глава му ја посочил на душеци и перници.

„Ќе те однесам, ќе ти кажам, меѓутоа се плашам да не ме каже некој од колегите кај Палчо. Палчо ќе ме убие“, му рекол Кешишев на помошник началникот.

Тој бил човекот кој го открил и местото каде била закопана лопатата со која биле ископани дупките за жртвите. Денешното рочиште продолжува со сведечење на уште еден сведок за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе