Вести Македонија Најважни

Македонија во следните три години ќе може да користи над 750 милиони евра од ЕУ за Реформската агенда

Европската унија ја одобри Реформската агенда на Северна Македонија во рамките на Планот за раст на Западен Балкан.

Според новиот Инструмент за реформи и раст, Северна Македонија ќе добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година.

Овие средства ќе бидат условени со реализирање конкретни квалитативни и квантитативни чекори во однос на планираните реформи.

Според објавата на унгарското претседателство со ЕУ, Реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамките на новиот Инструмент, кој вкупно е вреден 6 милијарди евра.

Оваа поддршка има за цел да го усклади интеграциониот процес на овие земји во ЕУ.

Првата транша од 52,5 милиони евра се очекува да биде исплатена најдоцна до крајот на годината.

Планирано е средствата да се исплаќаат во неколку транши во текот на следните три години, во зависност од напредокот во реализирањето на реформите.

Советот на Европската Унија го одобри Планот за раст на Западен Балкан на почетокот на мај, нагласувајќи ја важноста на поддршката за овие земји во нивниот пат кон членство во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе