Вести Македонија Најважни

Во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот заем

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише Договорот за заем од Унгарската Експорт-импорт банка.

Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите, соопштија од Минитертвото за финании.

Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како  дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.

Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе