Вести Најважни Свет

Блискиот Исток на раб на поширока регионална војна – Советот за безбедност свика итен состанок

Смелите координирани напади на Израел, чија цел беа членовите на Хезболах со експлозиви скриени во пејџери и воки-токи, повторно го доведоа Блискиот Исток на работ на поширок конфликт речиси една година по нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел на 7 октомври, што резултираше со војната во Газа.

Фокусот сега е на тоа кои ќе бидат следните потези на Хезболах и Израел. Советот за безбедност на Обединетите нации за денеска закажа итен состанок за да разговара за ситуацијата.

Останува неизвесноста околу тоа дали нападите на Израел се претходник на копнена инвазија преку нејзината северна граница. Земјата распореди илјадници војници, а на Голанската висорамнина се вкопуваат нови артилериски позиции..

Здравствените установи во Либан велат дека се подготвуваат за евентуален конфликт но се на ставот дека никој не може да биде целосно подготвен во услови на војна.

Ние сме всушност многу подготвени во однос на, знаете, обновување на залихите и во однос на бројноста на персоналот, сите се во состојба на готовност и достапни. Но, знаете, ако започне војна, нема целосна подготвеност и некој не може да ја има. Тоа ќе го „скрши грбот“ на секој човек и секоја институција. И ние не сме различни, вели Д-р Салах Зеин, главен медицински директор, на болницата во Бејрут.

 Напорите за дипломатско решение притискаат се повеќе но ескалацијата на состојбата на терен го руши оптимизмот. И покрај тоа што по нападите на комуникациските системи Хезболах изгледа ослабен, сè уште се верува дека е најтешко вооружената група во светот, со сè пософистициран арсенал што има потенцијал да му нанесе значителна штета на Израел.

Продолжуваме да работиме на договор за прекин на огнот. Ние веруваме дека тоа е – тоа е патот напред – во смирување и намалување на „температурата таму“, и затоа работиме деноноќно за да го направиме тоа. Но, ние сè уште веруваме дека дипломатската резолуција е патот напред овде, вели, истакна портпаролот на Белата куќа, Карин Жан Пјер .

Францускиот претседател Емануел Макрон вети поддршка на неговата земја за Либан. Во своето обраќање рече дека верува оти можноста војната да влијае на Либан „не е неизбежна“.

Помеѓу оваа конфузија и тага, Франција стои на ваша страна бидејќи војната не е неизбежна. Франција нема да престане да инсистира дека иднината на Либан мора да биде напишана во Либан од либанскиот народ, порача францускиот претседател Емануел Макрон.

 Додека вниманието на светот се фокусира на многу посмртоносната војна во Газа, голем број Палестинци беа убиени, застрелани и уапсени на Западниот Брег, каде што израелската војска спроведуваше повеќемесечна акција.

Според палестинското Министерство за здравство над 700 Палестинци на Западниот Брег се убиени во израелски оган од избувнувањето на војната на 7 октомври. Северниот Западен Брег го доживеа најлошото насилство од избувнувањето на војната.

Израел вели дека рациите се неопходни за да се елиминира милитантноста, која се разгоре од 7 октомври.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата надмина 100 долари

Kristina Kuzmanovski

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе