Бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељаско Радуков одбил да ја прими протестната нота, дознава Телма од извори во министерството за надворешни работи (МНР).
Тој денеска се одзвал на повикот на министерството, но откако усно му била презентирана содржината од протестната нота за прекршување на протоколот за време на посетата на македонската делегација на Софија во петокот, Радуков на заминување одбил да го прими документот, без да даде објаснување за таквиот потег.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
