Uncategorized Вести Економија Македонија Најважни

Ќе има ли пониски цени? – Неизвесна примената на законот кои ги ограничи маржите, Мицкоски го чека писмото од Азески

Премиерот Мицкоски се уште не го добил писмото од претседателот на најголемата комора во земјава Азески со кое тој  бара измени и бришење на делови од новиот законот со кои треба да се ограничат профитните маржи, а со тоа да се стави и крај на проблемите со цените.  Во документот од неколку страници една од забелешките е дека периодот на прилагодување од шест месеци кои навршуваат за неколку дена не е доволен. Мицкоски пак вели ако има потреба може да се одложи примената на законот.

Од друга страна заменикот министер за економија Ристески пак уверува  дека Законот за нефер трговски практики започнува на 28 септември и цените ќе бидат пониски.

Азески во писмото наведува и дека треба да се избрише делот од законот со кои се ограничува рабатот кој добавувачите им го даваат на купувачите.

Токму со оваа забелешка, од Сојузот на стопански комори не се согласуваат. Велат дека ограничувањето на рабатот е столбот на новиот закон и тука ништо не треба да се менува.

-Рабатот треба да биде ограничен затоа што се доведуваме во ситуација производителите и земјоделците да  работата за 1 до 2 отсто заработка, а целиот профит да оди кај трговците. Поради ваквата ситуација можеме да забележиме дека постојано се отвораат  нови маркети,  а имаме се помалку земјоделци. Сметаме и дека не треба да се пролонгира употребата на законот, туку да почне да се применува, а ако се јават проблеми паралелно да се решаваат, вели за Телма потпретседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски

 Дека не треба да се пролонгира примената на  законот сметаат и од северозападна комора, но и тие како Азески се на ставот дека рабатот не треба да се ограничува.

-Законот треба да почне да се применува затоа што има нефер трговија, но во иднина државата повеќе да не се меша во формирањето на цените и праксата со замрзнување како што се случи и сега со цените на училишниот прибор да престане, велат за Телма од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

Законот за нефер трговски практики се донесе во март, а паралелно се формираше и листа со над 2.500 производи чии маржи не треба да бидат повисоки од 10 отсто. Тука се најдоа основни, но и луксузни продукти како и цигари и алкохол. Од Стопанската комора пак сметаат дека на оваа листа треба да има само производи со ДДВ од 5 отсто. Целта на ваквиот закон е да се стави ред со цените во маркетите кои не престанаа да растат. А изминатиот период се забележува нов скок.

Ирена Чачкова

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

Дејан Дејан

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Охрид домаќин на меѓународен Симпозиум за вештачење за незгоди, надомест на штета и измами во осигурувањето од 10 до 13 октомври

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе