Вести Македонија Најважни

„Бехтел&Енка“ до крај на 2024 година ќе почне со изградба на автопатиштата, пробиен рокот за експропријација

До Нова година се очекува „Бехтел&Енка“ да почне со работа на терен на Коридорот 8 и Коридорот 10д, бидејќи сè уште не е завршен процесот на експропријација, за кој државата ќе треба да обезбеди пари, настрана од предвидените 1,3 милијарди евра за изградба на автопатиштата. Ова денеска го обелодени директорот на ЈП „Државни Патишта“, Коце Трајановски. Роковите за експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови, според Трајановски, биле до крајот на 2023 година, но не биле испочитувани од државата.

„Последниот месец и нешто, имаме голем напредок во експропријацијата. Ако не ја решиме експропријацијата, тие не може да влезат на терен. Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето. Значи, да биде извршена експропријацијата, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање, дури и проектирањето е под надлежноста на Република Македонија и не е под тие 1,3 милијарди евра“, вели Трајановски.

Жители на прилепското село Ореовец изминатите три месеци со протести го попречуваа ископот на градежен материјал за потребите на „Бехтел&Енка“ за изградба на автопатот Прилеп – Битола. Во февруари годинава протестираа и жителите на гостиварското село Бањица, бидејќи не сакаа да ги отстапат нивните ниви за работите на автопатот од Коридорот 8.

„Ние работиме интензивно за да може што побргу да започне „Бехтел&Енка“ со работа. Се надевам дека пред Нова година ќе успееме да ги внесеме на терен“, додаде Трајановски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред една недела изјави дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе