Вести Македонија Најважни

Се повлекуваат поскапените нотарски тарифи, граѓаните нема да плаќаат 10 пати повеќе

Notar, Нотар

Повлекување на одлуката за зголемување на нотарските тарифи, најави денеска министерот за правда Игор Филков на брифинг со новинарите. Одлуката која ја донесе неговиот претходник Кренар Лога требаше да стапи на сила од 1 септември, а со неа цените за услугите на нотарите ќе беа зголемени за 10 повеќе.

„Ова нема да се случи, затоа ќе ги повлечам измените за новата тарифа. Вака не се работи. Не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе, односно не смеат да се носат одлуки без да има широка дебата, без да слушнеме што мислат за тоа сите засегнати страни“, изјави Филков.  

Одлуката била донесена во февруари, а дури после изборите, односно на 6 јуни, техничката Влада дала одобрение, по што истата била објавена во Службен весник. Според министерот Филков, за одлуката никој не ја информирал јавноста и процесот на нејзиното донесување бил таен.

„За промената на цената по кој билo основ мора да има сериозна анализа. Мора да има утврдена потреба од сериозно зголемување, како што предвидел претходниот министер, кој од неразбирливи причини терал некоја агенда за поскапувањето“, додаде Филков.

Министерот најави и дебата по прашањето со цел да не бидат оштетени ниту граѓаните, ниту нотарите. Телма веќе пишуваше дека нотарските тарифи ќе поскапат од два до десет пати. Најголемо поскапување беше предвидено кај составувањето на нотарски акти од помала вредност.

На пример, според досегашната тарифа, за нотарски акти до 100 илјади денари, се плаќаше 800 денари. Но, со новите цени независно дали се работи за предмет во вредност од 500 или од 50.000 евра, граѓаните ќе треба да му искешираат на нотарот 8.000 денари.

За составување на еднострани правни акти досега се плаќаше 400 денари, а новата цена требаше да биде 1.300 денари. Заверката на превод се предвидуваше да скокне за двојно, од 100 на 200 денари. Исто толку и заверката на потпис.

Марија Митевска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе