Вести Македонија Најважни

Ангелов: Активни 14 пожари, дел од нив намерно подметнати

Во рок од три часа избувнале дваесетина тешко пожари во текот на вчерашниот ден. Надлежните се сомневаат дека дел од нив се намерно подметнати. МВР излезе на терен и се очекува во наредниот период да излезе со детали за причините за ибвивањето на голем број пожари во кус временски период.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира утрово дека вчера бил детектиран случај на појава на пожар од искрење на електрични спроводници и упати апел до ЕВН да изврши контрола на електроинсталациите во земјава и проверка на затегнатоста на жиците.

Од вкупно 46 регистрирани пожари во текот на вчерашниот ден, успешно изгаснати се 27, пет тешки пожари се ставени под контрола, а 14 се активни во моментов.

– Во период од три часа имавме појава на дваесетина тешки пожари врз кои што едноставно поради силниот ветер не можевме брзо да воспоставиме контрола. Ваквите пожари предизвикаа голема опасност по селата и населението, а за жал имаме и едно починато лице, изјави Ангелов.

Потенцира дека пожарникарите работеле во текот на целата ноќ со поддршка на јавните комунални претпријатија, механизација, локалното население и дел од пожарите ги ставиле под контрола.

– Во овој момент активен е пожарот на територија на општина Македонски Брод кај селата Тажево и Брезница, кракот кон НП „Јасен“. Активен е пожарот и на територија на Кочани во селото Главовица, кој изби вчера околу пладне. Активен е и пожарот кај Прилеп во селото Радобил, а на територија на Прилеп има уште еден пожар кај селото Дабница кој изби во текот на вчерашните попладневни часови, информираат од ЦУК.

Додаваат и дека на територија на Свети Николе активен е пожарот кај селото Орел и Немањици, каде дејствуваат три „ер трактори“ на ДЗС. Активен е и пожарот над селото Ерџелија и селото Мустафино. Исто така, и на овој пожар ќе дејствуваат три „ер трактори“.

На територија на Свети Николе има уште еден пожар кај селото Макреш и селото Ранченци кој избувнал утрово.

Во кумановско, активен е пожарот кај селото К’шање ‎и селото Кокошиње кон Мургаш, кој изби вчера околу пладне.

Пожари постојано се појавуваат и над Теарце и над Боговиње.

На територија на Старо Нагоричане активен е пожарот кај селото Малотино и Жегљане‎, кој изби вчера пред пладне.

На територија на Пробиштип активен е пожарот кај селото Зелени град и селото Јамиште, кој се заканува да зафати квалитетна борова шума.

На територија на општина Чашка гори кај селото Оморани во месноста наречена Мукос, пожарот беше реактивиран вчера околу 16 часот.

Утрово изби уште еден нов пожар на територијата на општина Дојран кај селото Николиќ.

Под контрола се ставени пет пожари.

Ангелов апелира до сите граѓани кои поседуваат викендички или куќи во полунапуштени или напуштени села, да изработат таканаречен мек појас околу сопствените викендици, а до земјоделците и сточарите да прекинат со палење на стрништа и пасишта, бидејќи, како што посочи, тоа може да биде обид за убиство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе