Вести Македонија Најважни

Милошоски и Битиќи биле под притисок од Кина да не одат на Самит во Тајван

Пратеници од најмалку шест земји, меѓу кои и Македонија, се соочиле со притисоци од кинески дипломати да не присуствуваат на конференција во Тајван со фокус на Кина, објави новинската агенција Асошиејтед прес. Останатите пратеници се од Боливија, Колумбија, Словачка, Босна и Херцеговина и една неименувана азиска земја.

Дел од нив биле контактирани со пораки, дел со повици, со барања за итни состаноци. Еден од нив бил поканет да патува во Кина, наместо во Тајпеј. Сите се делегати на годишниот самит на Интерпарламентарната алијанса за Кина (ИПАК), македонски претставници се Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи. Двајцата, сепак, отпатувале за Тајван.

И Милошоски и Битиќи потврдија дека биле контактирани од кинеската амбасада. И лично и преку партиите. Асошиејтед прес ја пренесува пораката што ја добил Милошоски, како и уште други двајца делегати.

„Јас сум Ву, од кинеската амбасада. Слушнавме дека добивте покани од ИПАК. Дали ќе присуствувате на конференцијата што ќе се одржи наредната недела во Тајван?“, гласела пораката што ја добил Антонио Милошоски.

Во дел од случаите, како што велат дел од делегатите за Асошиејтед прес, контактите биле со позаканувачки тон.

„Тие стапија во контакт со претседателот на мојата политичка партија и го замолија да ме спречи да одам во Тајван. Тие се обидуваат во мојата земја да ме спречат да патувам. Ова навистина не е во ред. Навистина се борам против земји или општества во кои алатка за манипулација и контрола на луѓето е стравот. Навистина го мразам чувството кога некој те заплашува“, изјави Санела Клариќ, делегатка на ИПАК од БиХ, за Асошиејтед прес. 

Кинеското Министерство за надворешни работи засега е без коментар. Директорот на ИПАК, Лук де Пулфорд за притисоците рече дека се „грубо странско мешање“ и според него, целта на кинеската страна, се чини, дека биле пратеници од помали земји. Интерпарламентарната алијанса за Кина изрази жалење и осуда за притисоците и обидот на Пекинг да се меша во нејзиниот годишен самит.

Годинашниот самит е четврти на Интерпарламентарната алијанса за Кина и за првпат се одржува во Тајван, со учество на 48 делегати од 24 држави од пет континенти.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе