Вести Македонија Најважни

Едно лице загина во пожар во кумановско Кокошиње, повеќе куќи се изгорени – моментно се активни 30-тина пожари

Едно лице загина во пожарот кој денеска попладне го зафати кумановското село Кокошиње, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Откако избувнал пожарот, ветрот брзо го проширил низ куќата во која живеела жртвата заедно со сопругата која, според директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, била успешно евакуирана.

„Станува збор за повозрасно лице кое најверојатно се загушило од чад“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Моментно се активни пожари во 12 села во Кумановско, Старо Нагоричане, Свети Николе, Штип и Пробиштип чие гаснење се одвива тешко поради ветрот.

„Според првичните информации, изгорени се повеќе куќи, дел од нив се стари и напуштени, но дел се нови и во нив живееат селани кои се успешно евакуирани. Сите пожари почнаа речиси во исто време и затоа беа многу тешки за гаснење. Покрај пожарникарите интервенираат полицискиот и армискиот хеликоптер, како и трите „Ер трактори“, но проблем беше ветрот“, вели Ангелов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе