Вести Македонија Најважни

Денеска ќе се знае колкави ќе бидат сметките за парно за престојната грејна сезона

Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција треба да ја соопшти цената која годинава над 60 илјади домаќинства ќе ја плаќаат за парно греење.

Регулаторната комисија за енергетика потврди дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената и до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика.

-Клучно е да се напомене дека просечната цена на гасот е значјано пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа грејна сезона нема да има. Анализите се во тек. Се очекува одржување на главната седница денеска, каде одлуката ќе се донесе. Инаку, над 90 отсто скопјани добиваат парно од државната ЕСМ која обединува три фирми-ќерки со снабдување, производство и дистрибуција, а тука се и топланата „Скопје Север“ и Енергетика, истакнуваат од РКЕ.

Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април.

На системот за парно греење во Скопје се приклучени 63.000 домаќинства.

Од нив, 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе