Управувачкиот комитет при Центарот за управување со кризи утрово заседаваше и донесе две одлуки, во врска со пожарите кои зафатија голем дел од територијата на земјата.
На денешниот состанок на којшто присуствуваа неколку министри, директорот на Национални шуми и директорот на ЦУК. Заклучокот е дека системот мора суштински да се реформира, а Управувачкиот комитет и препорача на Владата да го реорганизира целокупниот систем.
Втора одлука е да се обезбедат 15 тони гориво од државните резерви, за Национални шуми да можат навремено да помогнат во рамки на целата кризна состојба.
Дополнително, МВР има формирано оперативна акција со наслов „Пожар 2024“, со цел – откривање на сите потпалувачи на пожари. Засега има двајца осомничени.
