Деветнаесетгодишно момче од Скопје починало од струен удар на домашна забава во скопско Радишани. Случајот бил пријавен во СВР Скопје.
„Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информира МВР во полицискиот билтен.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
