Вести Македонија Најважни

Приведено лице од велешко по пријава дека предизвикало пожар

Министерството за внатрешни работи приведе велешанец кој подметнал пожар на депонија  на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец. Надлежните веднаш реагирале по претходна пријава на бројот за итни случаи 112, а припадниците на полицијата затекнале лице кое пали автомобилски седишта, при што во непосредна близина бил предизвикан пожар од кој била зафатена сува трева.

Од страна на полициските службеници лицето С.Ц. е лишено од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен.

– По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело “предизвикување општа опасност”, информира министерот Панче Тошковски.

Тој во фејсбук стстус додава и дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со активностите под оперативната акција „Пожар 2024“ и апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.

– Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми, пишува Тошковски.

Министерот апелира до граѓаните доколку забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе