Вести Македонија Најважни

Врнежите над Серта помогнаа во запирање на огнот- Опожарени се неколку викендички, ликвидиран голем пожар меѓу селата Водоча и Вељуса во струмичко

Врнежите помогнале да се совладаат пожарите кај Серта кај селото Драгоево, Калањево, во општина Коњче и кај Ново Село на планината Огражден.

Но, во средината на Серта се уште има траги на горење вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Синоќа на вонредна седница на кризниот штаб во Штип поради сериозноста со пожарот на планината Серта но и чадот кој се денови го прекрива градското подрачје беа донесени неколку препорали.

До граѓаните упатен е апел да избегнуваат подолг престој на отворено, ТППЕ да побара логистичка поддршка од други ТППЕ за гасење на пожарот во текот на денешниот ден, да се побараат повеќе човечки ресурси и опрема од АРМ, информира градоначалникот Иван Јорданов.

А, по само неколку часа откако пламна шума во близина на битолско Тумбекафе, заврна дожд и огнот полека пона да стивнува, но надлежните не очекуваат дека ќе успее целосно да го изгасне. Пожарот е сериозна закана за националникот парк Пелистер.

Романскиот канадер во акција за ставање на пожарот над Битола под контрола

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во текот на вчерашниот ден на терен во гаснењетона пожарот биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но се уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е се уште активен во густа борова шума и е во правец на с.Буково.

До овој момент не се загрозени населени места и објекти. Командирот на ТППЕ Битола од раните утрински часови врши контрола на теренот и ќе одлучи како ќе продолжи гаснењето на пожарот.

Во текот на ноќта очекувано се намали интензитетот на горење на оние места каде што пожарот е се уште активен.

Огнената стихија е одалечена од НП „Пелистер” околу 10 км. Командирот на ТППЕ информира дека за кратко време ќе интервенира романскиот канадер со цел огнот целосно да се стави под контрола.

Опожарени неколку викендички, ликвидиран голем пожар меѓу селата Водоча и Вељуса во струмичко

Голем пожар избувна вчера и во Струмичко меѓу селата Водоча и Вељуса, кој поради силниот ветaр и топлото време зафатил површина од околу 80 хектари,  ширејќи се притоа во сите правци при што опожарени биле и неколку викендици.

Пожарникарите успеале да спасат производствени погони од пламените јазици.

„Веднаш беше мобилизирана целата противпожарна единица со девет противпожарни возила и 32 пожарникари и испратени на местото. Гасењето на пожарот беше поделено на сектори со цел побрзо и поефикасно да се ликвидира. За жал, некои викендици беа зафатени од пламените јазици, но многу други вклучувајќи и производствени погони беа спасени со крајни напори“, информираа струмичките пожарникари.

Пожарот бил целосно ликвидиран околу 18:30 часот попладнето.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вдишал чад

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера заврши на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. Оваа вест на својата Фејсбук страна ја објавија пожарникарите од Струмица кои му меѓу другото му се заблагодарија и за наградата од 10 илјади денари за секој припадник на противпожарните едници.

„Ниту фотографии ниту видеа и прес конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога ескалираше пожарот вдишувајќи многу чад мораше да прими инфузија. Но не се откажа ниту на било кој начин се обиде тоа да го експлоатира. Ти благодариме Градоначалниче за подршката и да останеме сите со добро здравје“ напишаа струмичките пожарникари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Дејан Дејан

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе