Повеќе од 12 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.
Од ЕВН контакт центарот информираат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.
Од Електродистрибуција пак утрово информираа дека активностите на терен привршуваат и дека се очекува за половина час струјата да биде вратена до домовите на крајните корисници.
