Дрво искорнато од силниот ветар и невремето во Ново Лисиче беше паднато врз три автомобили. Полицијата вршеше увид додека речиси цел Аеродром беше без струја поради невремето. Десетици згради висококатници немаа струја, лифтовите беа исклучени. Причина за енергетскиот прекин за десетици илјади луѓе беше поради овој паднат далновод кој е урнат од силниот ветар.

Семафорите беа исклучени, пешаците едвај поминуваа низ гужвата автомобили. Лошо беше и во соседна Гази Баба. Кров од лим падна од зграда, а десетици стебла беа искорнати или искршени. Неколку паднаа врз автомобили.

Невремето почна со силен град некаде по 16 часот, најпрво во населбите Маџари, Хиподром и Автокоманда.

Големата вода која падна во источно Скопје дополнително ги наполни улиците со вода поради што и сообраќајот беше отежнат. Искорнати дрва имаше низ речиси цел Аеродром. Дополнително животот беше отежнат и поради тоа што недостатокот на струја предизвика послаб квалитет на телефонските врски, но и послаба конекција за интернет. Веднаш откако престана дождот, се врати сонцето и жешкото овојпат и со спарина, а за многумина без можност да вклучат климатизери.

Надлежните тимови се на терен за да пружат помош и да ги отстранат штетите.

Миомир Серафиновиќ
