Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за 36-годишниот М.А. за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново

Поднесена е кривична пријава против 36-годишниот М.А. за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново и други лица.

  • СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во с. Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22). Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот.

По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело “убиство во обид”, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3.

Врз градоначалникот Ридван Ибраими беше пукано додека со полициско обезбедување, доделено поради заканите кон него, и со двајца соработници од општината се движел по главната улица во Арачиново. Напаѓачот со автоматска пушка излегол од куќите и почнал да пука. Полицаецот успеал да го оттурне градоначалникот во каналот до улицата и да го спаси, додека двајцата соработници од општината беа ранети. Еден потешко и беше опериран на градниот кош.

Првичните сомнежи беа дека станува збор за напад поради спор за земјиште покрај улицата за што кон Ибраими и општината веќе беа упатени закани и имаше два физички напада.

Кој пукаше во градоначалникот на Арачиново?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе