Граничниот премин „Богородица“ е повторно отворен и функционира нормално, информира министерството за внатрешни работи (МВР). Преминот денеска беше привремено затворен поради пожар на грчката страна од границата. Во гаснење на пожарот интервенирале 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.
До нормализирање на сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, возилата се пренасочуваа на граничниот премин „Дојран“. На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта можеше да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.
