Вести Македонија Најважни

Нов пожар на само четири километри од Радовиш

Нов пожар попладнево има и во радовишко во местото викано Пореката, каде има шест викенд куќи. Сопствениците со пожарникарите и војската ги бранат од огнот, а овие објекти се на само четири километри од градот Радовиш.

Пожарите во штипскиот регион на планината Серта се гасната само од земја, воздушната поддршка која беше побарана претпладнево ја нема, бидејќи македонските и турските ер трактори попладнево повторно се вратија во Битола. Но, доцна попладнево се разгоре огнот на повеќе жаришта, поради чадот ниту еден хеликоптер или ер- трактор не можеше да интервенира.

Драматично е и на регионалниот пат Штип- Неготино, кој е затворен за сообраќај, бидејќи дрвјата покрај него горат. Се слушаат и експлозии и истрели од полигонот Криволак.

Ангелов најави дека силите кои се на терен ќе се обидат со пресеки направени од булдожери, багери да го спречат ширењето на огнот.

Командитор на штипските пожарникари, Благој Ренџов вели дека попладнево се на трасата на гасоводот и прават сеча на дрвја, со цел огнот да не се префли кон приватното ловиште, во кое има голем број на дивач. Огнената стихија е на непристапен терен, а гори и  ридот Штракалево кон полигонот Пенуш.

Но, зоната околу полигонот Пенуш е забранета за месното население, по неа се движат само војската и пожарникарите, бидејќи има неиспукана муниција.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе