Пожарот над селото Драгоево на планината Серта и околу полигонот Пенуш повторно се разгоре попладнево. Според проценките на пожарникарите на Серта со огнените јазици зафатена е површина од над 20 километри. Гори дабова, борова шума, грмушки и трева на планината Серта.
Во моментов нема опасност по штипските села Драгоево и Селце. Кризниот штаб на Општина Штип се свикува и ќе заседава утре рано наутро, најави градоначалникот на Општина Штип.
Од регионалниот центар за управување со кризи информираат дека пожарот Селце Драгоевона кракот Селце полигон Пенуш со зголемување на температурите и појава на ветар, дојде до разгорување на огнот и префлување на трасата на гасоводот.
На еден дел беше сопрен од страна на ТПППЕ-Штип мегу тоа на друг дел има префрлено прекун трасата и се слуша пукање на муниција. Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад истите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ке продолжаат со гаснењето на пожарот, се вели во соопштението на ЦУК.
Од градоначалникот на Општина Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци.На планината Серта во штипскиот дел веќе четврти ден огнените јазици пеплосуваат се пред себе, шума и животински свет.
Викторија Димитрова Јованова
