Соединетите Американски Држави велат дека ќе работат со Северна Македонија и со Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, откако премиерот Христијан Мицкоски во јавните изјави за време на Самитот на НАТО во Вашингтон не го користеше уставното име на државата.
Кога стана премиер, Мицкоски кажа државата дома ќе ја вика Македонија, а надвор, во официјален контекст, Северна Македонија.
„Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучување на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки“, се вели во одговорот даден за „Глас на Америка“.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, пак, за време на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажа дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Тој кажа дека во овој момент Грција „нема да го открие оружјето со кое располага за да одговори на тактиката на лидерството на соседната земја“, но додаде дека вака или онака тоа ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна.
