Русија продолжува да биде најзначајната и директна закана за безбедноста на НАТО кое продолжува да ја јакне својата одбрана, но и да ја зајакнува долгорочната поддршка за Украина во нејзината борба за слобода. Истовремено, Алијансата најави дека до идниот самит НАТО ќе развие препораки за стратешкиот пристап на НАТО кон Русија, за да се ограничат нејзините агресивни дејства и да се спротивстави на нејзината способност да спроведува дестабилизирачки активности кон НАТО и сојузниците.
„Ние распоредивме борбени сили на источното крило на НАТО, го поставивме најсеопфатниот одбранбен план по Студената војна и во Алијансата сега имаме повеќе до 500.000 сили во висока подготвенсот. Денеска решевиме да ја прилагодиме командната структура на НАТО, да ги подобриме нашите интегрирани воздушни и ракетни одбаранбени системи и да продолжиме со нашите одбранбени планови со потребните способности“, соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Во Декларацијата се наведува и дека државни и недржавни чинители користат сè поагресивни хибридни акции против сојузниците кои може да достигнат ниво на вооружен напад и би можеле да го наведат Северноатлантскиот совет да се повика на Членот 5 од Вашингтонскиот договор.
НАТО изрази и длабока згриженост за продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина и нивните взаемни засилени обиди да го поткопаат и да му дадат нов облик на меѓународниот поредок заснован на правила.
„Во овој опасен свет пријателите и партнерите се поважни од било кога. Затоа денеска се согласивме да го јакнеме нашето партнерство особено во Индо-пацификот. Безбедноста е глобална, а не регионална. Војната е поттикната од оние кои не ги споделуваат нашите вредности. Иран и Северна Кореа обезбедуваат директна воена поддршка, додека Кина ја поддржува руската воена економнија. Ова не е само привремена практична коалиција, туку голем стратешка промена“, рече Столтенберг.
Кина експресно одгоори на ваквите заклучоци кои стигнаа од 32 земји-членки на НАТО, наведувајќи дека се работи за лаги, хушкање и клевети. Според Пекинг обвинувањата на НАТО за одговорноста на Кина за војната во Украина се неразумни и имаат злонамерни мотиви и ја предупреди Алијансата да се не се меша во азиско-пацифичкиот реион и да се остане во рамките на својата улога како регионална одбранбена организација во северниот дел на Атлантикот.
Освен земјите од Индо-пацификот во завршната Декларација своја точка доби и Западниот Балкан заедно со Црноморскиот регион, како стратешки важни за Алијансата, при што се нотира дека НАТО останува силно посветен на нивната безбедност и стабилност.
„Ќе продолжиме да го унапредуваме нашиот политички дијалог и практична соработка со Западниот Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучително и дезинформациите, хибридните и сајбер закани, поставени и од државни и од недржавни чинители. Демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантската интеграција и очекуваме да видиме напредок во таа насока“, стои во Декларацијата на НАТО за Западниот Балкан.
Сепак клучната тема на Самитот на НАТО во Вашингтон, но и во Завршниот документ е Украина за која 32 лидери на земји-членки на НАТО се согласија дека нејзината иднина е во Алијансата. Тие договорија и конкретни мерки како НАТО да и помогне на Украина да ја заврши војната, што е можно побрзо, при што наведуваат дека губењето на војната не е опција за Украина, бидејќи тоа нема да донесе мир.
Тамара Грнчароска
