Вести Македонија Најважни

Мицкоски од Вашингтон: Македонија и регионот предолго беа заложници на минатото, времето на свиткани кичми заврши, време е да градиме иднина

На НАТО Самитот кој што се одржува по повод 75 години од формирање на Алијансата, премиерот Христијан Мицкоски имаше свое обраќање по кое во виедео изјава објави за средбите со странските делегации, меѓу кои и бугарскиот премиер.

„Денеска разговаравме со црногорскиот премиер, зборувавме со хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, нормално тука би ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Мелони, со шпанскиот премиер Санчез кој што беше заедно со мене, би рекол до мене на вечерата која што ја организираше претседателот на САД Бајден, неговата сопруга Џил Бајден. Од она кое што исто така може да го издвојам се средбите со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер“, рече Мицкоски.

Како што вели испратил неколку пораки од кои што најважната е дека долго време регионот и Македонија како држава беа заложници на минатото. „Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат“, вели премиерот.

Според него поминато е времето на свиткани кичми, на корумпирани политичари кои што доаѓаат од Македонија и политичари кои што се подготвени од името да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално се.

„Да потпишат се, да го прифатат секое понижување кое ќе им биде понудено на маса само да го заштитат својот криминал. Тоа време е веќе историја и минато. Мораме да зборуваме како вистински партнери, да зборуваме како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица и ние сакаме тоа да го негуваме и само така да го гледаме“, објаснува Мицкоски по говорот на НАТО Самитот во Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе