Вести Македонија Најважни

Гаши во Вашингтон со сопствена агенда

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, како носител на највисоката државна должност во законодавната власт има сопствена агенда во Вашингтон, која се организира од денот на неговиот избор – велат од коалицијата „Вреди“ како одговор на прозивката од опозициската ДУИ оти на НАТО-самитот во САД нема да има претставници од албанската заедница, за што ја обвинија владејачката коалиција на Албанците.

„Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со дистрибуција на лажни вести.

Од нив ништо веќе не зависи, а најмалку кој кога ќе отпатува во САД и со кого ќе се сретне.

Да имаа навремени информации од стратешкиот партнер, немаше вака да се срамат.

Но, тоа говори за нивниот кредибилитет да говорат за и во име на Албанците.

Жалиме што ДУИ избра многу погрешни методи да се обидува да креира незадоволство кај Албанците“, се вели во реакцијата на „Вреди“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе