Вести Најважни Свет

Француската левица победи на изборите, покажуваат излезните анкети, Националниот фронт од фаворит паѓа на трето место

Новиот народен фронт, ултралевичарската коалиција освојува најмногу пратенички места, покажуваат излезните анкети по денешните избори во Франција. Ова доаѓа како изненадување затоа што предизборните анкети му даваа предност на крајно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен, но тие од лидер паднаа на третото место.

Нив успеа да ги претекна дури и Алијасната Заедно на претседателот Емануел Макрон, која на првиот круг заостануваше речиси 15 проценти зад Националниот фронт. Иако оствари подобар резултат од првиот круг, Макрон го губи мнозинството во парламентот и веднаш по затварањето на гласачките места лидерот на Левицата, Жан Лук Меланшон го повика Макрон да го признае поразот и порача дека Новиот народен фронт е подготвен да ја преземе владата.

Стратегијата на левицата и Алијансата, да ги повлечат своите кандидати за да им дадат поголема шанса на противкандидатите на крајната десница вроди со плод.

Националниот фронт не успеа да го добие мнозинството на кое се надеваше за да формира влада во Франција, но сепак значително го зголемуваат бројот на пратеници во францускиот Парламент.

Предвидувањата на предизборните анкети дека никој нема да освои апсолутно мнозинство за да формира влада се остварија. Француската јавност стравуваше дека изборите ќе резултираат со неможност на ниту една партија да формира влада, распоред на силите кој ќе го направи нефункционален Парламентот и ќе ја втурне земјата кон политичка и економска криза.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе