Вести Македонија

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Откако 32-годишна жена од тетовско, почина на скопските клиники по влошување на состојбата по операција за вадење камен во бубрег, нејзиниот сопруг бара да ја дознае вистината – зошто завршила со смртен исход.

Во телефонски разговор за Телма објаснува дека по направените првични анализи и лекарските совети, на 19 јуни на Клиниката за Урологија ѝ била направена првата интервенција, а поради крварење била вратена во операциона сала, при што и бил отстранет бубрегот, по што била префрлена на КАРИЛ, каде починала околу 1 часот по полноќ.

Сакам да знам што се случило , затоа што правеше анализи и немаше други проблеми. Ја зедоа во сала во 12 часот, додека чекав да ја пренесат во соба, ми кажаа дека имала крварење и дека треба повторно да интервенираат, при што морало да и го извадат бубрегот. Била префрлена на КАРИЛ. Третпат интервенирал и абдоминален хирург. Ми беше јавено дека сопругата починала, ни изјави сопругот.

Сопругот вели дека ако треба ќе оди и преку правен пат, затоа што сака да ја знае вистината зошто толку се влошила сосојбата и починала.

Може се случило каменот да го оштетил бубрегот, го извадија бубрегот , но луѓе живеат и со еден бубрег или одат на дијализа. Што ли се случи? Таа немаше други заболувања. Имам син 5 години, со него се породи нормално, рече тој.

Резултатите од обдукцијата сопругот се ги уште чека. Добил отпусни писма од двете клиники, во кои е напишано дека по операцијата состојбата и се влошила со пад на притисокот и крварење, по што биле дадени крвни деривати, а поради понатамошно влошување била внесена во сала и бил изваден бубрегот, а потоа била префрлена на КАРИЛ каде и покрај сите преземени мерки настапила смрт.

Од Клиниката за урологија до завршување на прилгот не добивме одговор.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Левица најави последен обид за консензус околу Изборниот законик – утрешниот ден е краен рок за да се постигне

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе