Вести Македонија Најважни

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

На работна средба, утрово во просториите на Општина Аеродром официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, на која присуствуваа поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески.

Двајцата функционери ја потенцираа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет.

Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води човек што и досега како претседател на советот давал важен и сериозен придонес во нејзиното функционирање и работење.

Тој упати благодарност за поддршката и соработката до целиот тим и општинската администрација.

Митески упати благодарност до Муцунски за придонесот за Општината и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Тој најави континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе