Вести Македонија Најважни

Продолжи собраниската седница за избор на новата влада

Во Собранието претпладнево продолжи седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ.

Владата ќе биде избрана ако за неа гласа мнозинството од вкупниот број пратеници.

Седницата почна вчера со експозе на Мицкоски, а ја следеа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на дипломатскиот кор. Мицкоски ги образложи програмата и предлогот за состав на владата.

Најави враќање на довербата во институциите, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, економско заживување, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, градење добри односи со соседите, негување на меѓуетничките односи и посветеност на европските интеграции.

На опозицијата и порача дека има подадена рака и дека е подготвен да разговара за сите отворени и важни прашања. Опозицијата, пак, оцени дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања и дека не може да се предвиди дека ќе го реализира она што го ветува.

Меѓу говорниците беше и лидерот на СДСМ, поранешен премиер и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, според кој, програмата има неконзистентни делови и ставови.

Најавите за економијата, оцени Ковачевски, се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата, додека во однос на персоналниот состав на владата, истакна дека „дојде време сегашното владино мнозинство да гласа за оние што до вчера ги напаѓаше“, посочувајќи го како пример Арбен Таравари кој е предложен за министер за здравство.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена.

Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Tрамп изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7

Дејан Дејан

Руте: На Украина никогаш не ѝ беше ветено членство во НАТО

Дејан Дејан

Зеленски до западните партнери: Не му верувајте на Путин, најисплатливо за НАТО е да ја прими Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе