Дали почетокот на работна недела ќе им донесе проблеми на граѓаните откако приватните превозници најавија дека ќе запрат со работа.
Како што веќе објави Телма приватниците утре од 10 часот наутро ќе ги паркираат нивните автобуси поради револт што јавното сообраќајно претпријатие не им исплатило пари од месец јануари а долгот стигнал и до 140 милиони денари.
Засега не се најавени блокади на сообраќајниците во Скопје како што протестираа минатата година приватните автобуски превозници.
Иако телевизија Телма постави прашања и побара интервју со директорот на претпријатието до сега молк од таму.
Во меѓувреме граѓаните се жалат на редуцирани автобуси и лоши услови во јавниот превоз.
Ова не е прв пат приватниците да протестираат поради неисплатени долгови.
Пред повеќе од една година метрополата остана без јавен превоз откако приватните превозници неколку месеци не возеа, а нивните автобуси беа паркирани по булеварите.
Со проблем се соочува и нивните колеги од ЈСП.