Вести Свет Топ вести

Советот за безбедност на ООН ја усвои американската резолуција за прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН ја усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на САД за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Американскиот претседател, кој го објави планот за прекин на огнот во Газа, порача дека Хамас постојано тврди дека сака мир и овој договор е шанса да докажат дека го мислат тоа.

Договорот за прекин на огнот ќе го поплочи патот кон одржлив прекин на насилствата и подобра иднина за сите нас. Како што рече и претседателот Бајден пред некој ден, Палестинскиот народ преживеа вистински пекол во оваа војна започната од Хамас. Ова е можност да се постави различен курс. Хамас мора да ја искористи, порача американската амбасадорка линда томас гринфилд.

Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Рускиот амбасадор изрази сомнеж дали Израел воопшто го прифаќа понудениот договор, имајќи ги во предвид изјавите на израелските високи функционери.

Не сакавме да ја блокираме резолуцијата од едноставна причина што, колку што ние разбираме, таа е поддржана од Арапскиот свет. Сепак, сите прашања кои ги имаме остануваат отворени и бараме одговор, рече рускиот амбасадор василиј небензија.

И покрај тоа што во резолуцијата се вели дека Израел се согласил на американскиот предлог, никој од Тел Авив јавно не го кажал тоа. Премиерот Нетанјаху е под силен надворешен, но и внатрешен притисок за тоа како ќе заврши операцијата во појасот. Тоа е прашање кое се заканува да ја урне неговата влада, затоа што десничарските коалициони партнери бараат Израел да ја окупира Газа, додека поумерените сакаат Палестинците сами да се управуваат. И едните и другите се закануваат дека ќе ја напуштат владата доколку Нетанјаху одлучи спротивно од нивните барања.

120 заложници сѐ уште ги држи Хамас во ужасни услови. До денеска, Хамас продолжува да испалува ракети врз израелските градови како дел од нивната цел да ги убијат сите Израелци. Членови на советот, Хамас се тие што го спечуваат завршувањето на војната. Хамас и никој друг, порача Реут Шапир Бен Нафтали, политички координатор на израелската мисија во оон.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера ги обиколи посредниците во преговорите кои се водат во Каиро, пренесувајќи ја единствената порака, ако сакате мир извршете притисок врз Хамас да се согласи на предлогот. Палестинската управа од Западниот Брег ја поздрави резолуцијата, исто како и Хамас, но нејзиното политичко водство кое се наоѓа во Доха, сѐ уште не го соопштило својот став.

Сакаме прекин на огнот. Сакаме имплементација на целта за комплетно запирање на борбите и хуманитарна помош за нашиот народ, колку што е потребна, да запре присилното иселување, да им се дозволи на нашите луѓе да се вратат во областите од кои беа избркани, во сите области на Појасот Газа, вклучувајќи го и северот, повлекување на израелските сили од Појасот Газа, и ниту еден географски дел од Појасот Газа да биде заземен или под контрола на израелските окупаторски сили, рече палестинскиот амбасадор ријад мансур.

Предлогот на Американците се состои од три фази. Првата е прогласување прекин на огнот и размена на заложници за палестински затвореници, како и враќање на телата на загинатите заложници. Втората фаза предвидува траен прекин на огнот и повлекување на израелската армија од Појасот Газа, додека третата фаза е фокусирана на долгорочната перспектива на Газа и нејзината обнова.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со дигитализирани и поврзани институции има поефикасна борба против корупцијата и подобри услуги кон граѓаните

Дејан Дејан

Пожарот над  Битола е под контрола, но се уште има неколку активни жаришта

Дејан Дејан

Тендерџијата Чифлигароски во бегство, неговите директори добија по две години затвор

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе