Вести Македонија Најважни

Малтретирањето на девојчето се случувало во паркот „Ентер“ во Аеродром

12-годишното девојче кое беше грубо малтретирано од група тинејџери била однесена и на здравствен преглед. На две малолетнички ќе им биде поднесена кривична пријава за насилство. На распит биле повикани и родителите на насилните деца и за нив се подготвува кривична пријава за запуштање на малолетници.

Од полициски извори, Телма дознава дека на распит биле повикани три девојчиња кои ја напаѓаат својата жртва, но и момчето кое ги правело снимките објавени на медиумите и уште двајца малолетни сведоци на насилството. Сите малолетници биле повикани со родители.

Нападот се случил во паркот кој е познат под името „Ентер“ во Аеродром и се наоѓа зад Трговскиот центар Бисер од една страна, додека од друга страна е во близина на кулите Џевахир. Просторот на паркот е опколен со згради од три страни. Во минатите месеци, во истиот реон имаше повеќе напади врз малолетници и пресметки меѓу младинци.

Од полицијата информираат дека пријавата е од мајката на нападнатата 12-годишна жртва, а по настанот кој се случил во вторник навечер имало и повеќе информации за инцидентот од малолетници во Аеродром.

-На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители, соопшти МВР.

Пријавата била поднесена откако веќе беше објавено видеото од малтретирањето, а потоа е отпочната и истрагата.

За малолетничките кои тепаа и се изживуваа врз девојче во Аеродром и за нивните родители ќе има кривични пријави за насилство и запуштање на дете

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Дали со булдожер на „Национални шуми“ е пробиван пат до приватно ловиште и оштетен археолошки локалитет кај Демир Хисар?

Дејан Дејан

Траги од непознато лице и отпечатоци на судијата Ристов откриени на заѕиданите алуминиумските пакети со пари

Дејан Дејан

Родот во струмичките села уништен по силното невреме – најмногу настрадаа лубениците

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе