Вести Македонија Најважни

Се урна дел од потпорен ѕид над Клиниката за детски болести, ЦУК алармира дека постои опасност да се урне целиот

Навален мувлосан ѕид преполн со дупки, а низ него течат подземни води. Вака изгледа потпорниот ѕид над Детската клиника, каде денес падна дел од ѕидот. Под него немаше автомобили и граѓани бидејќи се поставени жардињери па не повредил никого. За овој проблем прв алармираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој сподели дека пред година ипол ги известил Министерството за здравство, Град Скопје, Општина Центар, како и МВР, но надлежните ништо не презеле досега.

„Рано наутро добивме пријава на 112 дека дел од овој ѕид е срушен. Прашање на ден, а можеби и час, кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот, под којшто, меѓу другото се паркираат и возила, но се движат и лица коишто влегуваат во Клиничкиот центар. Во некое најлошо сценарио постои можност возила кои се движат под оваа тесна улица која е проодна во два правци да дојде до рушење не само на ѕидот туку и на улицата и да дојде до некоја поголема трагедија во која ќе бидат опфатени и возила“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центар за управување со кризи.

Од Град Скопје одговорија дека тоа не е нивна надлежност, туку на министерството за здравство, а тие, пак, ќе проверуваат чија е надчежноста.

Граѓаните кои ги затекнавме таму се исплашени и сметаат дека надлежните институции треба да се искординираат за надминување на оваа опасност.

„Нормално дека е страшно ова. Замислете ние да седиме со бебе и да видиме како паѓа ѕид од горе. Треба да се реши ова, но ние не знаеме ниту каде треба да се упатиме“, вели граѓанин.

„Штом е блиску до коли нормално дека е опасно и треба најбрзо што може да се реши“, додава друг граѓанин.

По тесната улица Белградска поминуваа автомобили, а Ангелов вели дека и тие се во опасност бидејќи подземните води продолжуваат да течат од Водно кон Клинички.

Низ Скопје особено на падините на Водно има поголем број на потпорни ѕидови кои не се одржуваат редовно и се ризични.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе