Вести Македонија Најважни

Една недела затворени хируршки сали – Министерството за здравство го известило обвинителството

Зошто се ширел непријатен мирис во хируршките сали на клинички  кои се затворени веке од една недела. Ова прашање дојдоа и до обивнителството. Од таму официјално добивме  одговор дека  добиле известување од министерството за здравство за проблемите со функцонирање на вентилацискиот систем. Предметот е распореден кај обвинител кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело.

Телма од свои извори дознава дека претставник на министерството за здравство бил сослушан во скопското обивнителство а следни на ред се и директорите на хирушките клиники. По собранаите искази и докази обвинителстовто ќе процени дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого.

Од министерството за здравство засега без објаснување што се случува и што преземаат.

Одговори и решение чекаат и докторите и пацинетите чии операции се одлагаат.

Три сали се оспособени со надворешни компресори за да се примаат  итни случаи а се оперираат и пацинетите за кои е поребна регионална анестезија односно не не е потребен комроимиран воздух објаснува за Телма директорот на Клиниката за трауматологија ортопедија карил  и урегентен центар.  Здравјето на ниту еден пациент не е доведено во опасност вели др Александар Трајановски. На прашањето дали има решение на повидок не упати на Заедничките служби на Клинички затоа што гасовите и кислородот се во нивна надлежност

За проблемите во зградата на хируршките клинки се огласија и од ВМРО ДПМНЕ . Ги обвинија СДСМ и ДУИ дека го уништуваат здравството до последен ден.

-Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали! Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО  ДПМНЕ, Наум Стоилковски

И лифтовите директорот на ТОАРИЛУЦ упатува кон заендичките служби на клинички кои ги одржуваат и сервизираат лифотвите а кои ги известил за проблемите

Во меѓувреме,  расте бројот на пациенти во болницата за хирушки болести Св Наум Охридски

Елена Ивановска – Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе