Вести Македонија Најважни

Откажување од името на црквата, отстапување на дијаспората и признавање на украинската црква – Г.г. Стефан за условите на Цариградската патријаршија за томос за МПЦ-ОА

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан.

Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови – откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.

„Вселенската патријаршија која не упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Mакедонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград“, рече г.г. Стефан за штипската телевизија ТВ Стар.

Според поглаварот на МПЦ-ОА, барањата на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.

„Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджат и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе преземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија“, изјави г.г. Стефан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе