Вести Македонија Најважни

Претседател на Собрание, едно од главните барања на „Вреди“

Претседател на Собранието и функции во власта на сите нивоа, се барањата на коалицијата „Вреди“ во преговорите за влада. Сепак, спикерското место во Парламентот е едно од главните барања.

Иако се споменуваат здравство, образование, култура и економија, како посакувани министерства, Меџити вели дека тоа и не им е толку важно, колку да се подобри застапеноста на Албанците во сите сектори. Не открива дали тој самиот ја посакува фотелјата во министерството за политички систем во која до сега седеше Артан Груби.

Преговарачките тимови ни денеска не се сретнаа. Се искоординирале на техничко ниво, односно, одлучено е експерти од двете страни да направат анализи на партиските програми околу тоа, каде им се допирните точки и кои реформи ќе се прават први. Составот и методологијата по која ќе работат работните групи ќе се договара деновиве.

Во меѓувреме, течат преговори и со пратеници од листите на коалициите што ќе одат во опозиција, а кои покажале интерес да преминат во победничкиот табор. Шпекулации разгоре и поранешниот вицепремиер за економски прашања и еден од потпретседателите на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој поднесе оставка од партиската функција по изборниот пораз. Во пост на социјалните мрежи напиша дека во политиката влегол за да направи промена и додека не ја направи, нема да се откаже, што поттикна прашања дали ќе биде дел од тимот кој ќе се обиде да ја реформира СДСМ или, пак, политичката кариера ќе ја продолжи во некоја друга партија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикалната минимална кошница за јануари потешка од декемвриската

Дејан Дејан

САД и авганистанските талибанци разменија затвореници

Дејан Дејан

Гркинка вработена во ОН обвинета за проневера на над еден милион долари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе