Вести Македонија Најважни

По пет години затвор за двајца Македонци во Грција – биле уапсени со 600 фалсификувани бланко европски документи

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција. Биле уапсени со 599 фалсификувани бланко европски документи. Не кажале ни од каде ги носат, ни кому биле наменети документите.

Кај нив биле пронајдени лични карти, возачки дозволи и дозволи за престој од Грција, Франција, Белгија, Романија, Бугарија, Швајцарија, Норвешка, Латвија, Литванија, Шведска. Документите биле празни за во нов дополнително да се внесат податоци од луѓе. Според информациите се работело за копии, верни на оригиналните документи, со водени жигови, знамиња и имиња на државите. Документите биле испратени на лабораториска анализа.

Грчките медиуми објавија дека Македонците биле уапсени викендов во обид со автомобил да влезат во Грција на граничниот премин Дојран. При претресот, во поставата на јакната на 26-годишниот возач биле пронајдени 440 празни европски документи. Останатите 159 документи биле пронајдени во багажникот на возилото. Судот во Кукуш ги осудил возачот и 43-годишниот совозач на по пет години затвор за фалсификување и здружување заради финансиска корист.

Двајцата обвинети на судењето не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Србија уапес човек од Сомбор поради закани кон Вучиќ

Дејан Дејан

Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Дејан Дејан

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ја помина првата ноќ во затворот во Шутка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе