Вести Избори 2024 Македонија

ЗНАМ: Делумно фер и демократски избори

Генералната оценка на движењето ЗНАМ за денешните избори е дека и покрај тоа што изборниот ден беше релативно мирен, тие како политичка партија изборите ги оценуваат како делумно фер и демократски.

Според партискиот портпарол Никола Мемов, ваквата оценка се должи на најмалку две причини.

Првата е дека и покрај тоа што Изборниот законик предвидуваше медиумско претставување на политичките претставници, сепак имавме апсолутна нерамноправна претставеност во медиумите во текот на целата кампања, и фаворизирање на четирите кандидати од најголемите политички партии. Втората причина е политичкиот притисок којшто се вршеше врз нашиот кандидат за претседател, преку монтиран судски процес поради одбрана на јавниот интерес наспроти бизнис интересите на фирми спонзори на власта. Г-дин Димитриевски беше повеќе пати повикуван на судски рочишта и распит во обвинителството на среде кампања, само со цел да се наруши неговиот личен углед и динамиката на нашата кампања, рече Мемов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе