Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Убедлива победа на Силјановска, во втор круг оди и актуелниот претседател Пендаровски

Во вториот круг одат Гордана Силјановска, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Преброени 78,75% од гласачките места во ДИК: Води Силјановска, Пендаровски заостанува повеќе од двојно. Гордана Силјановска 284.775 | 39,88% Стево Пендаровски 139.167 | 19,49% Бујар Османи 101.839 | 14,26% Арбен Таравари 71.900 | 10,07% Максим Димитриевски 60.425 | 8,46% Билјана Ванковска Цветковска 30.977 | 4,34% Стевчо Јакимовски 5.329 | 0,75%. Овие резултати се по обработени над 78,75% од избирачки места.

Претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, по победата во првиот круг: Ве уверувам, она што ќе го ветам, ќе го остварам на мој начин. Треба да ги инспирираме граѓаните дека вреди да се учествува на изборите.

Претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски: Во вториот круг, тргнуваме од нула, од почеток за да го промовираме концептот во кој лично верувам- да нема поделби во општеството. Нема да преговарам со никој за прелевање на гласовите.

Претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи: Голема победа на Европскиот Фронт над албанската опозиција со над 40 илјади гласови во речиси сите општини.

Претседателски кандидат на „Вреди“ Арбен Таравари: Победивме во сите албански средини каде беше дозволено фер гласање, ДУИ ги предаде албанските интереси.

Претседателски кандидат на ЗНАМ Максим Димитриевски: Станавме трета политичка сила во државата, во македонскиот блок. Без нас нема да има влада.

Претседателски кандидат од ГРОМ Јакимовски го призна поразот и и честиташе на Силјановска за победата.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја прославија победата на Силјановска пред партискиот штаб.

Полиција превентивно распоредена пред штабот на „Вреди“- симпатизери на ДУИ слават кај Скендербег.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе