Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Први изборни реакции: Земјотрес, почеток на крај, фер избори во НАТО држава. Излезност под 50%, половина час пред затварање на избирачките места

Во ДИК до 19 часот обработени се податоци од над 91% од избирачките места, излезноста е 48,38%. За речиси 8,5% повеќе од излезноста во истиот период во првиот круг на претседателски избори во 2019. Најголема излезност во општина Новаци, најмала во Центар Жупа и во општина Пласница. Ќе продолжат избори на 4 избирачки места каде имало прекин во текот на изборниот ден.

Гледајте Отворена изборна програма на ТВ Телма, на веб страната www.telma.com.mk и на ФБ профилот на Телма.

Министер за внатрешни работи Тошковски: Изборите поминаа мирно, во добра координација на полицијата со надлежности и со поситни нерегуларности. Дополнителен заменик-министер за внатрешни работи Бојмацалиев: Изборите во мирна и демократска атмосфера. Честитки до граѓаните.

Гледајте Отворена изборна програма на ТВ Телма, на веб страната www.telma.com.mk и на ФБ профилот на Телма.

Претседателски кандидат од „Вреди“ Таравари:  Земјотресот почна со масовно учество на граѓаните, имаше неправилности, нашите претставници ќе се борат за исправно пребројување на изборната воља.

Претседателски кандидат од ГРОМ Јакимовски:  Искрени честитки до граѓаните за изборниот ден кој заврши достоинствено како во Европа.

Муцунски  (ВМРО-ДПМНЕ): Избори во фер и демократска атмосфера со мали прекршувања од владејачките партии, во Сарај и Куманово регистрирани неправилности. Овој изборен ден е почеток на крајот на актуелната власт.

Кузеска, ИШ на кандидатот Пендаровски: Демократски изборен ден. Граѓаните слободно ја изразија волјата во држава, членка на НАТО и земја со почнати преговори за ЕУ.

Арбр Адеми (ДУИ): Имавме мирен изборен ден. Граѓаните го кажаа својот збор.

Мемов (ЗНАМ): Како политичка партија изборите ги оценуваме како делумно фер и демократски, поради нерамноправни финансии и поради монтиран политички процес против нашиот кандидат Димитриевски.

Гледајте Отворена изборна програма на ТВ Телма, на веб страната www.telma.com.mk и на ФБ профилот на Телма.

Изборите поминаа мирно и без посериозни инциденти и нарушувања. Коалицијата „Вреди“ информираше за инцидент меѓу началник на СВР Тетово и советник поставен од министерот Тошковски. Министерот го потврди инцидентот и вели дека началникот добил наредба од директорот на БЈБ, но што се случило ќе утврдува Внатрешна контрола на МВР.

„Вреди“ обвинува за полнење на гласачки кутии во Липково. Тошковски: Формално не е пријавен ваков инцидентот до крајот на изборниот ден. МВР регистрирало 7 инциденти со сликање и покажување на пополнето гласачко ливче.

JO: Не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите. Обвинителството истражува дали поставување на водомери во делчевско се изборен поткуп.

Гледајте Отворена изборна програма на ТВ Телма, на веб страната www.telma.com.mk и на ФБ профилот на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе